(Видео) Тотенхем со десетмина победи во Лутон

Видео-Тотенхем-со-десетмина-победи-во-Лутон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тотенхем славеше на гостувањето кај новајлијата во Премиер лигата Лутон со 1:0. Тотенхем победи и покрај тоа што цело второ полувреме играше со фудбалер помалку.



Тотенхем, со оваа победа ќе преноќи на челната позиција во Премиер лигата, односно до завршувањето на дербиот меѓу Арсенал и Манчестер сити.

Спарс вложија голем труд за да дојдат до бодовите во Лутон. Работата дополнително им беше отежната кога во финишот на првиот дел, Ив Бисува го доби вториот жолт картон.

Пејачите го преживеаја гостувањето кај Лутон, постигнувајќи еден гол, ја зачуваа мрежата и ги земаа трите бода. И не почна баш најдобро, иако гостите имаа повеќе од играта во првото полувреме.

Со играч помалку, Тотенхем имаше одговор за играта на Лутон. Гостите поведоа во 52. минута, Медисон брилијантно го исфрли од игра својот противник и му асистираше на Мики Ван Де Вен, кој го постигна дебитанстскиот гол во дресот на Тотенхем.

До крајот Лутон пропушти три добри шанси, но резултатот остана 0:1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK