Словачка ја укина воената помош за Украина по победата на левичарите

Словачка-ја-укина-воената-помош-за-Украина-по-победата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Техничката влада на Словачка објави дека ја прекинува дополнителната воена помош за Украина, бидејќи политичките партии кои се противат на таквата поддршка преговараат за коалиција по изборите минатиот викенд.



„Техничката влада во Словачка во заминување повеќе нема да испраќа никаков воен материјал во Украина“, најави владиниот портпарол, пренесува „Политико“.

Тој објасни дека одлуката за ова прашање треба да го одрази исходот од недамнешните парламентарни избори и да го следи исходот од преговорите за формирање влада што се водат деновиве.

Левичарската партија на Роберт Фицо победи на парламентарните избори минатата сабота, по изборното ветување дека ќе престане да испраќа оружје во Украина и ќе го блокира потенцијалното членство на Киев во НАТО, како и да се спротивстави на санкциите против Русија.

Словачката претседателка Зузана Чапутова во понеделникот му даде мандат на Фицо да се обиде да формира коалициска влада и има рок до 16 октомври да го стори тоа.

Фицо беше принуден да поднесе оставка од функцијата премиер во 2018 година по масовните протести и кризата во земјата поради убиството на истражувачката новинарка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK