(Видео) Јанчева: Половина мандат на ДПМНЕ во Скопје, нема бесплатен превоз a ЈСП е пред колапс

Видео-Јанчева-Половина-мандат-на-ДПМНЕ-во-Скопје-нема-бесплатен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На половина мандат, на Скопје му се случува нова катастрофа поради неспособната локална власт на ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничка група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.



Таа рече дека изминуваат две години од мандатот на ДПМНЕ во Скопје – заедничка локална власт со градоначалничката Арсовска за којашто бараа доверба од граѓаните.

„Најголемо ветување на изборите беше ветувањето за целосно бесплатен јавен градски превоз. По 2 години, бесплатен јавен градски превоз во Скопје ветен од ДПМНЕ нема! Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси. Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран. Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс. На приватните превозници повторно, со месеци им се доцни исплатата. А за средношколците дотациите, за бесплатен јавен превоз се 100 отсто исплатени“, рече Јанчева.

Вели дека поради неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска страдаат граѓаните на Скопје. Нема редовни автобуси, граѓаните, студените, учениците чекаат премногу долго и доцнат.

Јанчева предупреди дека на повидок е ново стопирање на јавниот превоз, а наместо лажни изговори, ДПМНЕ и Арсовска треба да најдат решение за проблемите во ЈСП што тие ги создале, додека директорот треба да понесе одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK