Земјотрес со јачина од 5,9 степени синоќа го погоди јужниот дел на Мексико, што предизвика тревога дури и во главниот град.
Засега нема извештаи за штета, пренесува „АП“.
Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот е регистриран нешто по 23 часот по локално време, во близина на градот Матиас Ромеро Авендано во јужната држава Оахака.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 108 километри. Државната агенција за цивилна одбрана на Оахака соопшти дека ги следи извештаите за можна штета.
Земјотресот вклучи сеизмички аларми во Мексико Сити, каде што некои жители излегоа на улиците, но повеќето области на градот не ги почувствуваа потресите.