Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ одби да се фотографира со останатите учесници на министерските средби на Берлинскиот процес во Тирана.
Еуроњуз Албанија јавува дека Дачиќ го нема на заедничката фотографија поради косовското знаме, кое како и другите знамиња беше во позадина, зад учесниците на состанокот, меѓу кои беа шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, германската министерка Аналена Бербок и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.
Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, започната во 2014 година со цел да се поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, за подобрување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.