Во Русија била избегната трагедија или тешка повреда на бебе, додека жена наместо да внимава на количката со детето, гледала во нејзиниот мобилен телефон.
На снимката, која кружи во јавноста, според локалните медиуми се работи за градот Уфа во Русија.
На видеото, жената стои покрај количката и гледа во својот мобилен телефон. Во следниот момент количката се движи кон улицата, но таа занесена во телефонот не го забележува тоа.
Дури кога количката се излизгала на улицата и се превртела, жената забележала што се случило.
Во паника дотрчала до количката, ја подигнала од улица и ја турнала на тротоарот.