Бербок: Тензиите меѓу Белград и Приштина го загрозуваат берлинскиот процес и напредокот на регионот кон ЕУ

Бербок-Тензиите-меѓу-Белград-и-Приштина-го-загрозуваат-берлинскиот-процес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, во Тирана, пред средбата во рамките на Берлинскиот процес, посочи дека Европската Унија е многу загрижена поради неодамнешниот конфликт меѓу вооружената група Срби и косовската полиција во селото Бањска.


Пред состанокот на министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан и неколку членки на ЕУ, Бербок рече дека безбедноста е „основата за мобилност во регионот“ и дека „тензиите меѓу Србија и Косово во последните денови го загрозуваат и берлинскиот процес“, пренесува агенцијата АП.

Бербок изјави и дека патот на Западен Балкан кон Европската Унија треба да биде побрз и ја истакна важноста на берлинскиот процес за унапредување на поврзаноста и соработката во регионот.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархељи пред министерскиот состанок, кој служи како подготовка за самитот на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври, рече дека ЕУ е посветена на проширувањето кон Западен Балкан и сака да ја заврши работата и да ја „запечати“ .

„Фактот што Албанија е домаќин на Берлинскиот процес за прв пат е доказ дека регионот е практично интегриран дел од ЕУ. Ги нудиме сите алатки за забрзување на процесот на проширување, вклучително и забрзана интеграција уште пред влезот во Унијата“, изјави Вархељи на социјалната мрежа Х.

Вархељи изјави и дека денеска во Тирана е формиран кампусот на Европскиот колеџ и посочи дека тоа е „симбол на експанзија“ и „јасен знак дека се приближува членството на Албанија во ЕУ“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK