Лица од Велешта и Албанија краделе дрва од Јабланица, направиле штета од околу 60.000 евра

thumbnail_drva-ogrev-780x470.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од струшкото село Велешта, против правен субјект од истото село и против Н.Ф.(41) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва и „пустошење шуми“.


СВР Охрид денеска соопшти дека при контрола, извршена на 4 октомври на планинскиот врв „Стрижак“ на планината Јабланица, полициски службеници ги затекнале И.Б., сопственик на правниот субјект, и Н.Ф. при бесправна сеча на 178 метри просторни огревни дрва, сопственост на шумското стопанство „Јабланица“ во состав на ЈП „Национални шуми“.

Според информацијата, била предизвикана материјална штета од 3.920.721 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK