Песков: Русија не планира да врши нуклеарни тестови

Песков-Русија-не-планира-да-врши-нуклеарни-тестови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека евентуалното отповикување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови не значи дека Русија планира да изврши нуклеарни тестови.


Песков ја коментираше изјавата на претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, дека Долниот дом на рускиот парламент има намера да расправа за отповикување на ратификација на следната седница, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Русија одамна го потпишала и ратификувала договорот, но дека Американците не го ратификувале.

„Претседателот Путин ја спомена можноста за повлекување на оваа ратификација, на што Володин рече дека е подготвен да го стори тоа“, рече Песков.

Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови беше одобрен од Генералното собрание на Обединетите нации на 24 септември 1996 година.

Договорот не стапи на сила бидејќи не беше ратификуван од САД, Египет, Израел, Иран и Кина, додека Индија, Северна Кореја и Пакистан не го ни потпишаа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK