Османи-Докерти : Британска поддршка за пристапниот процес во ЕУ како инвестиција во стабилноста и просперитетот на државата

Османи-Докерти-Британска-поддршка-за-пристапниот-процес-во-ЕУ-како.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Тирана, оствари средба со министерот за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лео Докерти, на маргини на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес.


Двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете партнерски земји, при што Османи се заблагодари за континуираната британска поддршка на демократскиот и економски развој на Северна Македонија и регионот.

Министерот брифираше околу европското досие на државата и процесот на уставните измени, како неопходен чекор за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија.

„Новата геополитичка реалност вбризга нова динамика на евроинтегративните процеси на државите од регионот. Обединувањето на континентот во рамките на Унијата веќе не е само прашање на економска или политичка интеграција, туку безбедносно прашање. Оттука, мора да ја искористиме оваа еднократна шанса и да го исполниме преостанатиот политички услов за уставните амандмани и без натамошно одлагање да продолжиме кон отворање на Првиот кластер до крајот на 2023 година“, подвлече Османи.

Докерти го повтори ставот на Обединетото Кралство дека продолжувањето на нашиот пристапен процес е инвестиција во стабилноста и просперитетот на државата, а ќе го зацврсти и кредибилитетот на Европската Унија.

На средбата беа разменети ставови за актуелните политичко-безбедносни состојби во регионот и други актуелни меѓународни теми.

Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ, информираше за следните активности на Организацијата, како и за претстојните предизвици кои бараат заеднички одговор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK