Казни без селекција за тие што не ги почитуваат одлуките, нема да има зголемување на цените, уверува Државниот пазарен инспекторат

Казни-без-селекција-за-тие-што-не-ги-почитуваат-одлуките.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот пазарен инспекторат известува по реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност, во врска со зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве, дека зголемување на цените на основните прехрамбени производи нема да има.


Пазарниот инспекторат ќе продолжи, како што велат од оваа институција, да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените.

„Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо. Граѓаните да бидат спокојни! Цените на основните прехрамбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат. Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција“, порачуваат од таму.

„Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард“, изјави директорот, Горан Трајковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK