Османи со Вархеји во рамки на Берлинскиот процес: Време е ЕУ да дејствува сега и да го направи тоа без двоумење

Османи-со-Вархеји-во-рамки-на-Берлинскиот-процес-Време-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на учеството на министерскиот состанок на Берлинскиот процес , кој се одржува денес во Тирана, министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на заедничка средба со колегите од државите на Западен Балкан и еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји.


Османи потсети дека оваа година Северна Македонија го иницираше концептот „Повеќе интеграција пред членство“, со кој се предлага поголемо политичко и институционално вклучување во процесите и политиките на Европската Унија, како и зголемено финансирање за државите кандидати, а со тоа и повеќе конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на процесот на преговори со ЕУ.

Уште еднаш ги поздрави позитивните сигнали од ЕУ, цитирајќи ги зборовите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел од Блед, со кој е поставена 2030 година како временска рамка за влез на нови земји-членки.

„Ова дава нова надеж. Време е ЕУ да дејствува сега и да го направи тоа без двоумење. Во меѓувреме, земјите кандидати треба што повеќе да се интегрираат во процесите и политиките на ЕУ за да бидат што поподготвени за членство до 2030 година. На пример, министрите за надворешни работи од државите од регионот, кои имаат стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, треба да бидат поканети да присуствуваат на состаноците на Советот за надворешни работи заедно со министрите од земјите членки на ЕУ“, предочи Османи.

Ја поздрави најавата за новиот План за раст за Западен Балкан од Европската комисија, велејќи дека користењето повеќе фондови од ЕУ, условено со реформските перформанси на земјите, ќе послужи како мотиватор за реформи и ќе помогне да го намалиме јазот во приближувањето кон ЕУ, како и да станеме подобро подготвени за пристапување.

„Но, принципот на заслуги мора да остане апсолутен императив – кога нашите земји ќе испорачаат, ЕУ мора да испорача. Ова е крајниот мотиватор и се надеваме дека ЕУ ќе може да донесе важни одлуки за регионот овој декември“, потенцира Османи.

Османи посочи дека обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK