Обвинителството оформи предмет за негувателката што им давала на децата да пушат електронски цигари

Обвинителството-оформи-предмет-за-негувателката-што-им-давала-на-децата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велешкото Обвинителство оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.



„Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот“, извести Обвинителството.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага.

Претходно родители на неколку деца тврдеа дека негувателката им понудила на децата да пробаат од нејзината електронска цигара. Директорката на градинката потоа изјави дека негувателката е суспендирана и за неа се води дисциплинска постапка. Од друга страна, како што беше објавено, негувателката во писмениот исказ изјавила дека настанот се случил ненамерно и дека децата посегнале по цигарата без нејзино знаење, која сепак била оставена на дофат. Останува Обвинителството да истражи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK