Џејми Спирс тешко болен во болница

Џејми-Спирс-тешко-болен-во-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејми Спирс, таткото на поп-ѕвездата Бритни Спирс, наводно е хоспитализиран поради тешка инфекција.



Патријархот на семејството Спирс, кој 13 години до септември 2021 година беше ко-старател на ќерката Бритни со целосна контрола врз нејзините финансиски и лични одлуки, наводно веќе неколку недели е во медицинска установа каде се лекува од инфекција и низа други здравствени проблеми.

Во изјава за рубриката „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“ извор близок до семејството рече: „Џејми страдаше од лоша инфекција за која беше потребна операција.“

„Тој е хоспитализиран со недели во специјална установа за инфективни болести.“

Во август, „ТМЗ“ објави дека претходно 72-годишниот поминал неколку месеци во болница откако лекарите биле загрижени дека има проблеми со бубрезите, но се покажало дека е тешка инфекција на коленото, 16 години по операција на зглобот.

Бритни се отуѓи од својот татко откако во 2021 година судот во Лос Анџелес го укина спорното старателство со широки овластувања за нејзиниот имот и приватен живот.

Пресудата беше значајна победа за Бритни, која беше под т.н. конзерваторски надзор цели 13 години по проблемите со нејзиното ментално здравје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK