Наргес Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир

Наргес-Мохамади-ја-доби-Нобеловата-награда-за-мир.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир е Наргес Мохамади, соопштија од комитетот во Осло


Мохамади е позната по нејзината борба против репресијата на жените во Иран.

Иранската активистка и новинарка ја почна својата повеќедецениска кариера промовирајќи го граѓанското општество и правата на жените, а денес работи од затвор противејќи се на условите во кои се чуваат таа и другите затвореници.

Обвинета за „ширење пропаганда“, 51-годишниата жена одлежува десет години во озлогласениот затвор Евин во Техеран. Минатата година, таа објави книга „Бела тортура“ за употребата на самицата и сетилната лишување од страна на Иран против неа и другите затвореници.

На годишнината од смртта на Амини, Мохамади и другите организираа протести во затворот Евин, палејќи ги нивните шамии, се вели во објавата на еден од нејзините профили на социјалните мрежи.

Нобеловата награда за мир е признание за посебни заслуги во областа на обединувањето на народите, разоружувањето или намалувањето на светите или регионалните воени потенцијали, политичкото и друго образование, како и одржувањето на мировни конференции.

Оваа награда, како и другите Нобелови награди, е донација на шведскиот пронаоѓач и производител Алфред Нобел, а од 1901 година се доделува секоја година на 10 декември на настан во Осло, на денот на неговата смрт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK