Сензација во Кина – Руне декласиран од 122. играч во светот

Сензација-во-Кина-–-Руне-декласиран-од-122-играч-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот тенисер Брендон Накашима направи голем подвиг со пласманот во третото коло на Мастерсот во Шангај.



Моментално 122. играч во светот беше подобар од третиот носител на турнирот и петти на АТП листата Холгер Руне со резултат 2:0.

По нешто повеќе од еден час во сетови беше 6:0, 6:2 за прва победа на Накашима против играч од Топ 10.



Руне од Вимблдон до Пекинг немаше победа, се мачеше со повредта на грбот и врза шест порази, но во главниот град на Кина победи против Оже-Алијасим, а потоа загуби од Димитров.

Во следното коло, Американецот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Томас Мартин Ечевери и Јижен Жанг.

Претходно пласман во третото коло обезбедија Душан Лајовиќ, Крис Јубенкс, Фабијан Марошан и Каспер Руд.

Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај изнесува 8,8 милиони долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK