Кобел го продолжи договорот со „милионерите“

Кобел-го-продолжи-договорот-со-„милионерите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел го продолжил договорот до 2028 година, официјално потврдија од клубот од „Вестфален“.


Претходниот договор на голманот истекуваше во 2026 година, а протагонист на преговорите беше спортскиот директор на Борусија и поранешен капитен на тој клуб, Себастијан Кел.

Кобел изрази желба да остане и покрај интересот од англиските клубови, како што е Челзи. Тој е стандарден дел од тимот откако дојде од Штутгарт во 2021 година. Во текот на кариерата играше и за Хофенхајм, Аугсбург и Цирих. Пред почетокот на сезоната, Швајцарецот беше назначен за заменик капитен во Борусија.

25. годишниот голман досега има 84 настапи за клубот од Дортмунд.

Момците на Един Терзиќ се на четвртото место во Бундеслигата со 14 бодови од првите шест кола, два помалку од лидерот Баер Леверкузен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK