Путин: Тестиравме ракета со нуклеарен погон, таа има глобален дострел

Путин-Тестиравме-ракета-со-нуклеарен-погон-таа-има-глобален-дострел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија успешно тестирала нова моќна стратешка ракета. Тој не сакаше да ја исклучи можноста Москва да спроведе тестови на оружје кои би можеле да вклучуваат нуклеарна експлозија за прв пат по повеќе од три децении.


Путин објави дека успешно го тестирале Буревестник, крстосувачка ракета со интерконтинентален дострел на нуклеарен погон. Рускиот лидер, исто така, изјави на годишниот собир на аналитичари и новинари дека Русија речиси ја завршила работата на својот интерконтинентален балистички ракетен систем „Сармат“, уште еден клучен елемент на новата генерација на нуклеарно оружје.

Рускиот лидер постојано го потсетува светот на руската нуклеарна сила откако ја започна својата инвазија на Украина во февруари минатата година. Така тој рече дека „никој со здрав ум“ нема да користи нуклеарно оружје против Русија.

„Толку многу наши проектили – стотици – ќе се појават во воздухот што ниту еден непријател нема да има шанса да преживее“, објасни Путин што ќе се случи ако некој ја нападне Русија така.

Русија нема спроведено тест со нуклеарна експлозија од 1990 година, што беше една година пред распадот на Советскиот Сојуз, но Путин одби да ја исклучи можноста за таков тест повторно во иднина, пишува Гардијан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK