Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски и покрај новиот тренерски ангажман во Саудиска Арабија, ќе продолжи да ја извршува функцијата спортски директор на ФК Вардар, чесно и одговорно како и досега, потврдуваат од најтрофејниот клуб.
Притоа, од ФК Вардар напоменуваат дека Хаџиевски во клубот работеше без да потпише било каков договор , ниту пак да побара било каков финансиски надоместок за сработеното.
Ѓоко Хаџиевски донесе одлука да ја прифати понудата на саудискиот второлигаш Хаџер.