Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи МОН поради недостатокот на учебници

OBRAZOVANIE-UCHENICI-NASTAVNIK-PROFESOR-UCHILISHTE.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за заштита од дискриминација најави тужба против Министерството за образование и наука пред граѓански суд поради недостатокот на учебници.


Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска рече дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици.

Бендевска вели дека овие ученици немаат пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници, па затоа Комисијата подготвува тужба против државата, односно Министерството за образование и наука.

Покрај учебниците, Комисијата работи и на уште неколку случаи на структурна дискриминација, како што се необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK