Почна втората фаза од испуштањето радиоактивна вода од Фукушима во океанот: Соседните земји остро се спротивставија

Почна-втората-фаза-од-испуштањето-радиоактивна-вода-од-Фукушима-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раководството на јапонската нуклеарна централа Фукушима, уништена во март 2011 година од цунами, објави дека ја започнала втората фаза на испуштање на прочистена радиоактивна отпадна вода во морето, откако првата фаза беше завршена без проблеми.


Компанијата TEPCO, која е оператор на Фукушима, објави дека работниците активирале пумпа која ја разредува прочистената вода со додавање на големо количество морска вода, која потоа полека се испушта во океанот преку мрежа од подземни тунели.

На испуштањето на отпадните води во Фукушима, кое се очекува да трае со децении, остро се спротивставија здруженијата на рибари и соседните земји, вклучително и Јужна Кореја, каде стотици луѓе организираа протестни собири.

Кина целосно го забрани увозот на јапонски морски плодови, што им нанесе сериозна штета на јапонските рибари и извозниците на морска храна.

Првата фаза на испуштање на отпадните води од фабриката започна на 24 август, а заврши на 11 септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK