Уапсен поранешен претседател на Нагорно-Карабах, осомничен за најмување платеници

Уапсен-поранешен-претседател-на-Нагорно-Карабах-осомничен-за-најмување-платеници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Азербејџан го потврди апсењето на поранешниот претседател на самопрогласената република Нагорно-Карабах.


Араџик Харутјуњан, кој го водеше Нагорно-Карабах до почетокот на септември оваа година, е во притвор бидејќи е осомничен за „водење војна и ангажирање платеници“, кршење на „меѓународните хуманитарни принципи“, соопштија од азербејџанското обвинителство.

Ерменија ги осуди апсењата на поранешните водачи или функционери на Нагорно-Карабах, особено случајот со Харутјуњан, без да прецизира кога бил уапсен.

Ерменските власти изразија жалење што „азербејџанските агенции за спроведување на законот продолжуваат да вршат произволни апсења и покрај ветувањата дека ќе ги почитуваат правата на Ерменците“ во Нагорно-Карабах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK