Три ер трактори од Дирекцијата за заштита и спасување од 11:00 до 14:20 часот во три налети дејствуваа, а со тоа и пружија воздушна подршка на силите Ј.П ,Национални шуми, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на 01.10.2023 година во 16:25 часот, на отворен простор во месноста викана Ламја над с. Горно Јаболчиште.
Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока (голосек со голема количина суви гранки и висока трева), а поради силниот ветер огнот бргу се шири кон висококвалитетна шума, информираат од ЦУК.
Во моментов, како што појаснуваат, пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречување на евентуална можност за негово реактивирање.