Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска на Косово во кој загинаа четири лица, е уапсен.
„На 03.10.2023 година, полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кому полицијата му одредила притвор до 48 часа. Со кривична пријава е изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград“, велат од полицијата.
Радоичиќ во петокот преку својот адвокат Горан Петронијевиќ ја презеде одговорноста за вооружениот конфликт во селото Бањска, а утредента како граѓанин беше сослушан во полиција. По неговото сослушување беше најавено дека случајот со конфликтот во Бањска ќе го преземе белградското Вишо јавно обвинителство во Белград.