(Видео) Баерн во Лајпциг од 0:2 до 2:2

Видео-Баерн-во-Лајпциг-од-02-до-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Лајпциг и Баерн Минхен ремизираа 2:2 во дербито од шестото коло во Бундес лигата.


„Биковите“ имаа два гола предност во 26. минута, но Баварците успеаја да се вратат и да освојат бод во тешкото гостување.

Се започна многу добро за Лајпциг, бидејќи Опенда во 20. минута ја погоди мрежата на Улрих, кој шест минути подоцна повторно беше совладан. Овој пат асистент беше Опенда, а стрелец Лукеба, за голема радост на домашните навивачи.

Голманот Улрајх кај двата гола имаше лоши реакции.

Враќањето на Баерн го најави Хари Кејн во 57. минута, кога реализираше пенал, а Сане го израмни резултатот во 70. минута.

Лајпциг е петти на табелата со 13 бодови, додека Баерн се наоѓа на делба на третата позиција со бод повеќе. Лидер со 16 бода е Баер Леверкузен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK