Милан го победи Лацио и се искачи на првото место во Серија А

Милан-го-победи-Лацио-и-се-искачи-на-првото-место.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Милан во 7.коло дојдоа до шестата поебда во Серија А. Во дербито Милан го победи Лацио со 2:0 (0:0).


Фудбалерите на Милан беа подобри од почетокот до крајот, постигнаа два гола и со тоа ја остварија шестата победа од почетокот на сезоната, со што се зацврстија на врвот на табелата со 18 бодови и натпревр повеќе од градскиот ривал Интер.

Немаше многу прилики во првото полувреме, само две за Милан и тоа во последната минута.

Прво промаши Жиру, а Тијани Рајндерс налета на одбиената топка и ја погоди стативата.

Во вториот дел се одеше според планот на Стефано Пиоли.

Во 60. минута Рафаел Леао му асистираше на Кристијан Пулишиќ на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата на Римјаните.

Милан потоа пропушти уште две шанси, преку Јунус Муса и Пулишиќ во 73. и 77. минута.

Мечот го реши Ноа Окафор во 88. минута, кога повторно во улога на асистент беше Рафаел Леао.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK