Самарџиќ: Парите не се причината што пропадна мојот трансфер во Интер

Самарџиќ-Парите-не-се-причината-што-пропадна-мојот-трансфер-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Минатото лето, фудбалерот на Удинезе, Лазар Самарџиќ беше на прагот на трансфер во Интер. Трансферот пропадна откако Самарџиќ успешно ги мина лекарските прегледи, наводно неговиот татко побарал повеќе пари, поради што Интер фудбалерот го врати во Удинезе.


„Пропаднатиот траснфер во Интер? Не се работеше за пари, имаше други прашања, но нема смисла сега да се зборува за тоа“, рече Самарџиќ и продолжи:

„Јас сум некој кој размислува позитивно, Удинезе е одличен тим, организиран клуб и да останам тука уште една сезона е совршен избор за мене. Сакам да ги остварам моите амбиции овде, а потоа ќе видиме. Морам да повторам, немаше потреба да разговарам со татко ми бидејќи знам што се случи“.

Италијанците беа заинтересирани и со кого заинтересираните клубови треба да преговараат во врска со неговиот трансфер.

„Со татко ми“, рече Самарџиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK