Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот. Добро е што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на НАТО, така што може да се спречи директна конфронтација на косовската и српската армија, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Ако немаше пет илјади војници на НАТО при последните проблеми, конфликти и тензии на Северно Косово, а и претходно имаше такви ситуации, без НАТО трупите таму конфликтот ќе се прелееше и ќе имаше прво, директна конфронтација меѓу српската и косовската армија и полиција и после тоа и околината ќе беше зафатена“, рече Пендаровски.