Семејствата ги презедоа телата на Србите убиени во Косово

Семејствата-ги-презедоа-телата-на-Србите-убиени-во-Косово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членовите на семејствата на Србите загинати во конфликтот на 24 септември во Бањска ги презедоа нивните посмртни останки, соопшти денеска РTС.


Обдукцијата е завршена во Институтот за судска медицина во Приштина, а еден од правните застапници на семејствата на убиените Срби при собирањето на телата изјави дека резултатите од обдукцијата ќе бидат познати за 15 дена.

Семејствата ги однесоа телата на жртвите пред Институтот за судска медицина.

Во конфликтот меѓу косовската полиција и вооружени лица во селото Бањска на 24 септември загинаа тројца напаѓачи и полицаецот Африм Буњаку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK