Јавноста сведочи дека изминатата недела на различни интервјуа, Христијан Мицкоски и Александар Николовски најавуваат резултати на анкети кои допрва треба да бидат објавени. Иако не се објавени Николовски и Мицкоски ги знаат резултатите, што е најголем доказ за системот на нарачаните анкети од страна на ДПМНЕ. Очигледно кулминацијата на внатрешните кавги, поделби и расколи во ДПМНЕ се толку големи што Мицкоски има потреба за нова лажна анкета, која овој пат има исклучиво внатрешна употреба, се вели во писмената реакција на СДСМ.
– Со нарачани анкети Мицкоски сака да си ја спаси фотелјата во белиот дворец. Лажните анкети на ДПМНЕ се добро познати на јавноста и не се ништо друго освен лажна надеж за Мицкоски на кого му се тресе тронот во белата палата. Останува да видиме дали овие лажни, нарачани анкети ќе бидат објавени од истиот Институт кој прогнозираше победа на ДПМНЕ на изборите во 2020 година и кој имаше голем број склучени договори со државни институции за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Не е за изненадување на наредната нарачана анкета Мицкоски да води 100:0 – велат од СДСМ.