Барселона и оваа сезона се справува со повреди на фудбалерите. Педри е подолг период надвор од тимот, Де Јонг ќе паузаира до крајот на октомври, а на овие двајца им се приклучи Рафиња.
Бразилецот има проблем со задната ложа. Исти повреди оваа сезона доживеаја Педри и Роналд Араухо.
Според првите информации, Рафиња ќе отсуствува околу три недели, што значи дека нема да игра против Порто и Гранада до репрезентативната пауза, а големо прашање е дали ќе биде подготвен за дуелот со Атлетик Билбао на 23 октомври.
Она што охрабрува е дека Рафиња сигурно ќе биде подготвен за првото „Ел Класико“ кое е закажано за 28 октомври на „Монжуик“.
Исто така, Педри дотогаш ќе се врати, планот е викендот пред Реал да игра против Билбао, додека Френки де Јонг ќе има подолга пауза, до ноември.
Барселона во среда од 21 часот гостува кај Порто, а в недела во Гранада, по што ќе следи октомвриската репрезентативна пауза.