Дел од улиците во Скопје денеска и утре ќе бидат затворени за сообраќај

Дел-од-улиците-во-Скопје-денеска-и-утре-ќе-бидат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради одржување на велосипедска трка и традиционалниот wizz air маратон, голем дел од улиците од Скопје, денеска и утре ќе бидат затворени за сообраќај.


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Трасата на движење ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собрание на Република Северна Македонија до крстосницата со ул.„Филип Втори Македонски“, па лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со ул.„Даме Груев“ кај ТЦ„Палома Бјанка“ и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Повеќе информации за утрешниот сообраќаен режим, МВР ќе објави во текот на денешниот ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK