(Видео) Пукање во Универзитетската болница во Ротердам: убиени неколку луѓе, евакуирани студенти

Видео-Пукање-во-Универзитетската-болница-во-Ротердам-убиени-неколку-луѓе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вооружен маж уби неколку луѓе кога отвори оган во универзитетска училница во холандскиот пристанишен град Ротердам и блиската куќа, соопшти полицијата.



Осомничениот, на возраст од 32 години, беше уапсен откако полицијата објави на социјалните мрежи дека пукал во Медицинскиот центар во Ротердам и една куќа. Тие рекоа и дека на двете локации избувнале пожари.

На видеата објавени на интернет се гледа како полицијата ги насочува студентите, некои облечени во медицински наметки, надвор додека тешко вооружени тимови за апсење пристигнале на местото на настанот.

На едно видео се гледа маж со лисици на рацете кој носи камуфлажни панталони.

Два часа подоцна полицијата соопшти дека има уште загинати и дека се известени членовите на семејствата на загинатите.

Полицијата соопшти дека нема индикации дека вториот напаѓач пукал, пишува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK