Маричиќ демантира дека испраќал бакнежи кон Стојаноска: Ниту сум имал каква било комуникација, ниту сум ѝ испратил вербална порака

Маричиќ-демантира-дека-испраќал-бакнежи-кон-Стојаноска-Ниту-сум-имал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска“, напиша на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.



Со пратеничката, појаснува тој, ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака.

„Ништо од тоа. Дафина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.
Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации“, додава вицепремиерот.

Според него достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста, како што вели, која владее во нејзиниот табор.

Инаку денеска од собраниска говорница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, дека ѝ праќал бакнежи и намигнувања од неговото пратеничко место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK