Наредните денови или недели Ноер ќе се врати на голот

Наредните-денови-или-недели-Ноер-ќе-се-врати-на-голот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Капитенот на Баерн, Мануел Нојер е многу блиску до враќање на терените, потврди спортскиот директор на германскиот шампион, Кристоф Фројнд.


Легендарниот голман бранеше на Светското првенство во Катар каде Германија доживеа дебакл, а веднаш по тој турнир се повреди на скијање.

Потоа следеше операција на коленото и неколкумесечна пауза. .

„Точниот датум не е одреден, но тој не е далеку и Нојер е подготвен да се врати на теренот. Внимателно ќе ја следиме ситуацијата, но во следните денови или недели Мануел ќе биде во тимот“, изјави Фројнд.

Во сабота Баварците гостуваат кај Лајпциг во дербито на Бундеслигата, три дена подоцна патуваат во Копенхаген во второто коло од Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK