Груби – Викерс: Наши приоритети се железничката пруга Скопје – Драч, Клиничкиот центар и целосна дигитализација

Груби-–-Викерс-Наши-приоритети-се-железничката-пруга-Скопје-–.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби се сретна со специјалниот пратеник за трговија за Западен Балкан, г-дин Мартин Викерс, придружуван од амбасадорот г-дин Метју Лосон.


Груби и Викерс разговараа за билатералните односи, економско-трговската соработка, Британската бизнис асоцијација и поддршката за регионалната стабилност и безбедност како и проектите што се реализираат вклучително и железничката пруга Скопје – Драч, Клиничкиот центар како и целосна дигитализација на Владата и владините служби.

Односите меѓу двете земји беа оценети како стабилни, вклучително и економската и комерцијалната соработка, при што Груби истакна дека Обединетото Кралство е втор по големина инвеститор во земјата, додека Северна Македонија е првиот трговски партнер од Западен Балкан.

Работата на британските компании во нашата земја беше високо ценета, особено сега по формирањето на Британската бизнис асоцијација која ќе придонесе за привлекување на нови инвестиции со посебен акцент во областа на енергетиката и инфраструктурата.

Груби и Викерс разговараа и за политичките актуелности во земјата и регионот при што му се заблагодарија за континуираната поддршка во насока на зајакнување на демократските капацитети, одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност во рамките на НАТО и на патот кон членство во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK