Младински Културни Клубови во парк Шопен во Кисела Вода

Младински-Културни-Клубови-во-парк-Шопен-во-Кисела-Вода.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оваа сабота во паркот “Фредерих Шопен” (до ООУ “Невена Георгиева – Дуња” ) во Општина Кисела Вода, со почеток од 18:00 часот, Граѓанско здружение за развој на младински политики “Нови Зраци-Скопје” ќе реализира мултимедијален проект, кој кој ќе ги обедини љубителите на фотографија, сликарство, литература, сите оние кои се заинтересирани за жонглирање или магионичарски трикови.



Присутните на настанот ќе имаат можност практично да се запознаат со техниките, методите и потребните реквизити за овие дисциплини. Оние кои ќе пројават желба да продолжат и понатаму да го продлабочат своето искуство во овие дисциплини имаат можност да се зачленат во новосоздадените виртуелни културни клубови кои ќе бидат менторирани од нашите културни работници: за сликарство – Сара Цветановска, Тијана и Тамара Ванчевски, за фотографија – Зоран Шекеров, за поезија – проф. Благојка Филипчева и Анастасија Ѓорѓиевска, за уличен перформанс – Кристијан Ниновски- Бенито.

Целиот настан ќе изобилува со музика, забава и хумор и ќе биде одличен начин да се помине еден убав ден од викендот.

Општина Кисела Вода ги поканува сите млади лица да бидат дел од настанот кој под покровителство на оваа локална самоуправа ќе се одвива оваа сабота, 30 септември 2023 година, во паркот “Фредерих Шопен” ( до ООУ “Невена Георгиева – Дуња” ). Со почеток од 18:00 часот, Граѓанско здружение за развој на младински политики “Нови Зраци-Скопје”, со поддршка од Општина Кисела Вода ќе реализира мултимедијален проект кој кој ќе ги обедини љубителите на фотографија, сликарство, литература, сите оние кои се заинтересирани за жонглирање или магионичарски трикови. Присутните на настанот ќе имаат можност практично да се запознаат со техниките, методите и потребните реквизити за овие дисциплини. Оние кои ќе пројават желба да продолжат и понатаму да го продлабочат своето искуство во овие дисциплини имаат можност да се зачленат во новосоздадените виртуелни културни клубови кои ќе бидат менторирани од нашите културни работници: за сликарство – Сара Цветановска, Тијана и Тамара Ванчевски, за фотографија – Зоран Шекеров, за поезија – проф. Благојка Филипчева и Анастасија Ѓорѓиевска, за уличен перформанс – Кристијан Ниновски- Бенито.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK