Америка моментално се соочува со огромен бран насилни грабежи кои ги оштетија најголемите трговски синџири во САД за дури 112 милијарди долари.
Во масовните насилни кражби, работниците во продавниците беа претепани, а некои беа убиени, поради што многу продавници ангажираа дополнителни чувари за да го заштитат нивниот персонал.
This is downtown Philadelphia last night.
Rioting and looting have become the norm in major US cities.
Meanwhile, cities across Poland are safe, clean and livable.
Yet another reason to move back to Poland. 🇵🇱
— Dominik Andrzejczuk (🇵🇱,🇺🇸) (@QuantumDom) September 27, 2023
Организираните банди повеќе пати беа фатени на камери како упаѓаат во продавници, грабнуваат роба од полиците и потоа бегаат.
Дел од масовните грабежи се организирани на социјалните мрежи. Едната беше организирана од Даџиа Блеквел, која на социјалните мрежи го носи прекарот Метбол. Таа пренесуваше во живо грабеж на продавница во центарот на Филаделфија.
Метбол по грабежот објави видео на своите 650.000 следбеници на Инстаграм и ТикТок во кое детално го опиша својот „поход“
„Кажете ѝ на полицијата дека ќе ме затворат вечерва или ќе ме запалат, тоа ќе биде како на филм“, рече таа во видеото и потоа беше уапсена.
🚨Just in: Apple and many stores in Philadelphia being looted. Philly is fallen! #Philadelphia #PA #looting pic.twitter.com/hnfpAJhvIp
— Stay Frosty 🇺🇲 (@brewdoggy) September 27, 2023
Таргет, еден од најголемите американски трговци на мало, рече дека поради овие причини ги затвора продавниците во големите градови, вклучувајќи ги Њујорк, Сиетл, Сан Франциско и Портланд.
„Не можеме да продолжиме со работа на овие продавници бидејќи кражбите и организираниот криминал ја загрозуваат безбедноста на нашиот тим и гостите и придонесуваат за неодржлив бизнис“, се наведува во соопштението.
Во Сан Франциско, голем број големи синџири неодамна ги затворија продавниците во центарот на градот.
🚨#BREAKING: All philly liquor stores have been closed today after at least 18 were broken after last night’s mass looting in Philadelphia pic.twitter.com/0Btz2jASv2
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) September 27, 2023
Градоначалникот на Оукленд, Шенг Тао рече дека ги разбира предизвиците со кои се соочува Таргет во градовите низ целата земја и дека е разочаран од веста за неговото затворање.
„Мојата цел е да продолжам да работам заедно со членовите на бизнис заедницата за да ја осигурам нивната безбедност и успех во нашиот град“, рече тој.
Дејвид Џонстон, потпретседател на Националната федерација за малопродажба, рече дека најголемите бизниси во земјата и семејните продавници подеднакво се борат со бранот криминал.
„Трговците на мало гледаат невидено ниво на кражби. Ситуацијата се влошува. Далеку од финансиското влијание на овие злосторства, насилството и безбедносните грижи остануваат приоритет за сите трговци на мало, без оглед на големината или категоријата“, рече тој.
Law enforcement finally steps in to stop the looting. This was Philly tonight:
— End Wokeness (@EndWokeness) September 27, 2023
Извештајот на Националната федерација за малопродажба, во кој беа анкетирани 177 претставници на трговски синџири кои претставуваат повеќе од 97.000 продавници низ САД, покажа дека трговците на мало се соочуваат со сè понасилни крадци.
Речиси девет од десет изјавиле дека крадците се „многу поагресивни и понасилни во споредба со минатата година“.
Компаниите кои конкретно го следат бројот на насилни кражби во продавници пријавија просечен пораст од 35 проценти. Како одговор, трговците на мало ја зголемија безбедноста, го намалија работното време и на крајот ги затворија продавниците.
Лос Анџелес беше областа најмногу погодена од организираниот криминал на мало во земјата во 2022 година, соопшти Националната федерација за малопродажба, а потоа следат Сан Франциско и Оукланд, исто така во Калифорнија.