В.Д. директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Анѓела Петровиќ поднесе оставка од таа функција, изјави за Euronews Србија Игор Ѓорѓевиќ, претседател на Советот на родители.
За вршител на должноста раководител на основното училиште „Владислав Рибникар“ е назначена на почетокот на јули. Таа ја смени претходната директорка на училиштето Снежана Кнежевиќ.
Ѓорѓевиќ вели дека родителите не биле задоволни од соработката со новиот директор и дека претходно побарале директор на установата да биде некој од колективот.
„Го поддржуваме изборот што го прави колективот. Ќе поддржиме кој и да избере. Се надеваме дека овој пат ќе не слушаат и дека ќе има некој од колективот“, рече Ѓорѓевиќ.
На 3 мај се случи масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и училишен чувар, а повреди шест лица.