Ситуацијата во Грција не се смирува: луѓето без струја, заробени во поплави, блокирани патишта во Евија

Ситуацијата-во-Грција-не-се-смирува-луѓето-без-струја-заробени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грција ја зафати ново невреме, а денеска најтешка е состојбата во областа на градот Волос и островот Евија, каде патиштата се блокирани, а најголемиот дел од населението е без струја.


Обилните врнежи донесени вчера од бурата „Елиас“ го погодија северниот дел на Евија, грчки остров кој беше сериозно загрозен од шумски пожари во 2021 година, како и регионот на Тесалија, кој на почетокот на овој месец беше погоден од бурата Даниел.

Голем дел од градот Волос повторно е под вода и кал, пожарникарите и војската ги евакуираа луѓето од куќите и автомобилите, а жителите повторно се без струја.

Утрово во шест часот во Волос повторно почна да врне дожд што претходниот ден предизвика порои и поплави во централниот дел на Грција.

Според претставниците на противпожарната служба, во неколку делови на Волос водата достигнува висина од 50 сантиметри, пренесува Катимерини.

Патиштата во оваа област се покриени со тони камења и кал, а областа е непрепознатлива.

Дел од населението мораше да ги напушти домовите, а многу возила беа однесени од поплавата.

Припадниците на грчката армија ги ослободија патниците кои девет часа беа заглавени во возилата и чекаа помош.

Водата рано утринава се повлекла на повеќе места, па многу патишта се отворени, но многу се уште непристапни.

Поради ситуацијата која настана во Волос по новото невреме, градоначалникот Ахилес Беос рано изутрината излезе да ја провери состојбата на улиците.

„Тажен сум, немам сила да зборувам, тоа е ситуација која не можам да ви ја опишам“, изјави градоначалникот на новинарите на телевизијата ЕРТ.

Опишувајќи го она што Волос го доживеа во средата навечер, тој рече дека „животите биле загрозени“.

Кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија, тој рече дека 70 до 80 отсто од Волос немаат струја, додека проблем има и со водоснабдувањето.

Во локалниот Оперативен центар на Противпожарната единица од вчера до денеска во 7 часот утрово се примени вкупно 1.200 повици.

Тешка е ситуацијата и во Евија, каде утрово е одлучено, по налог на градоначалникот, да се забрани сообраќај на поширокото подрачје на Асмини, Пефки, Артемисио и Гувес, поради развој на опасни временски услови.

Последните неколку часа беше многу тешко во Истија и околината, каде што пожарникарите мораа да интервенираат во спасувачка акција за ослободување на мајка и мало дете во Асмини кои беа опколени со вода.

Со чамци стигнуваат и до други села во централна и северна Евија.

Движењето на противпожарната бригада од центарот на Халкида кон северна Евија не е возможно, бидејќи патиштата се непроодни, а градежните машини работеа цела ноќ за да минат спасувачките екипи.

Според метеоролозите, грчките региони кои денеска може да очекуваат обилни дождови и силно невреме ги вклучуваат префектурата Атика и градот Атина, а локално обилни дождови и невреме се очекуваат до пладне во околината на Волос, на Споради и Евија, во областите Фтиотиди, Фокиди и Беотија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK