Во магацин во близина на аеродромот во Ташкент синоќа избувнал пожар по силна експлозија, но пожарот бил потиснат и ситуацијата е под контрола, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Узбекистан.
Според извештаите на локалните медиуми, 16 противпожарни и спасувачки екипи интервенирале поради пожар во еден од магацините лоцирани во градскиот кварт Сергели, во близина на аеродромот.
Поради силната експлозија, скршени се прозорци во блиските станбени блокови, а на неколку лица им е укажана помош кои биле со полесни повреди, соопшти узбекистанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
People are running out of their houses, it’s very scary that near them the customs warehouse in Tashkent is on fire. #Tashkent #SARCOP #Uzbekistan #Özbekistan pic.twitter.com/6Z7F9rkVRI
— ET magazin (@TcAga261935) September 28, 2023
Причината за експлозијата се уште не е позната, а од министерството соопштија дека истрагата е во тек.
– Ситуацијата е целосно под контрола, летовите од меѓународниот аеродром во Ташкент полетуваат и слетуваат нормално – соопшти управата на аеродромот, пренесе Ројтерс.