Вчера требаше да биде празник на фудбалот во Холандија, се одигра „Класикерот“ меѓу Ајакс и Феенорд. На крајот празникот на фудбалот се претвори во хаос. Нешто што порано беше ретко во таа земја, сега се почесто се случува.
Откако нивниот тим, кој е во голема криза, веќе во 37. минута губеше со 3:0 од својот актуелениот шампион од Ротердам, навивачите на Ајакс најпрво го принудија судијата да го прекине натпреварот со фрлање факели. Хаосот потоа продолжи пред арената „Јохан Кројф“ и на улиците на Амстердам.
„Дали имам решение за тоа што се случува? Не, немам. Најдоброто нешто што одговорните можат да го направат е да го суспендираат професионалниот фудбал на одредено време. Едноставно треба да ги прекинеме натпреварите”, беше разочаран и лут легендарен Марко ван Бастен.
Она што најмногу ја загрижува поранешната икона на Ајакс, Милан и холандската репрезентација е што ваквите инциденти и хаотични сцени станаа секјдневие во Холандија.
„Видовме организирана акција на навивачите, луѓето го направија тоа намерно, имаа цел да го прекинат натпреварот и го направија тоа“.
Ван Бастен смета дека ниту празните трибини не се решение.
„Не, мислам дека тоа не би донело ништо. Видовме дека нема никаква врска со фудбалот за време на коронавирусот. Како што веќе нагласив, ако не знаеме да се однесуваме соодветно на стадионите, фудбалот не треба да се игра. За жал, очигледно е дека не знаеме да се однесуваме како што треба“, истакна Ван Бастен.
Foto/ EPA