Британскиот министер за одбрана вети обука за 30.000 украински војници

Британскиот-министер-за-одбрана-вети-обука-за-30000-украински-војници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс вчера изјави дека Велика Британија стои рамо до рамо со Украина и потврди дека Британците ќе обучуваат 30.000 украински војници.


„Нашата цел е да обучиме 30.000 украински војници. Не мислам дека британската решителност ќе се разниша на кој било начин. Ќе застанеме рамо до рамо со Украинците“, изјави Шапс, пренесува „Скај њуз“.

Прашан дали Западот се изморил од барањата на Украина за помош и поддршка, Шапс рече дека поддршката ќе продолжи.

„Не заборавивме како тиранинот влезе на територијата на соседната држава. Ако не го спречиме, од историјата знаеме што ќе се случи понатаму. Затоа продолжуваме со поддршката“, рече британскиот министер за одбрана.

Тој во исто време најави дека Велика Британија ќе испрати десетици илјади муниција и дополнителна поддршка во воена опрема за Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK