Полицијата приведе 140 демонстранти во Ереван: побараа оставка од премиерот

Полицијата-приведе-140-демонстранти-во-Ереван-побараа-оставка-од-премиерот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ерменската полиција приведе повеќе од 140 демонстранти кои ги блокираа улиците на Ереван и побараа од премиерот на таа земја, Никол Пашинјан, оставка.


„Од 10 часот по локално време, бројот на уапсените е зголемен на 142“, соопшти ерменското МВР.

Како што јави агенцијата РИА, на републичкиот плоштад во Ереван дошло до физичка пресметка меѓу демонстрантите и полицијата.

Претходно денеска Ерменците од регионот на Нагорно-Карабах започнале масовен егзодус во Ерменија, а до утринава во земјата влегле повеќе од 2.900 Ерменци, пренесуваат медиумите.

Протестите во Ереван не престануваат од вторникот, кога азербејџанската армија започна „антитерористичка операција“ и влезе во регионот Нагорно-Карабах.

Главното барање на насобраните е оставка на премиерот Пашинјан, кој го призна Нагорно-Карабах како составен дел на Азербејџан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK