Американскиот кошаркар Кевин Дурент реагираше на гласините дека НБА е полесна од Евролигата.
Се започна со интервјуто кое Кајл Хајнс го даде за „Баскет њуз“, кога ја спореди американската и европската кошарка.
„Кога имав 22 години, моето гледиште за кошарката беше „само НБА“. Сега, на 37 години, имав можност да видам цела перспектива. Би рекол дека НБА е дама (кралица), а Европа е шах“, рече Хајнс.
На оваа изјава се надоврза еден кошаркарски фан.
„НБА е лесна, Евролигата е тешка. Сите го кажуваат истото. Џоел Ембиид не би можел да има просек од 30 поени во Евролигата“, коментира тој.
Набрзо дојде и реакцијата на Дурент, МВП на НБА во 2014 година.
„Можете да се е..те сите. Сите сте луди“, напиша Дурант.
Foto/ EPA