Шпанците во шок: објавени слики од голи девоjчиња, генерирани со вештачка интелигенција

Шпанците-во-шок-објавени-слики-од-голи-девоjчиња-генерирани-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на Алмендралех, мало гратче на југот на Шпанија, се во шок откако на социјалните мрежи без нивно знаење се објавени слики од голи девојки кои живеат во гратчето, а биле создадени со вештачка интелигенција.



Сликите се создадени со помош на фотографии од девојчињата каде тие биле целосно облечени, а најголем дел од фотографиите биле преземени од нивните профили на социјалните мрежи, според Би-Би-Си.

Фотографиите потоа се обработувале со помош на апликација за вештачка интелигенција (ВИ) која генерира слика на личноста, но без облеката.

Досега, околу 28 девојчиња од Алмендралех, на возраст меѓу 11 и 17 години, пријавиле дека биле жртви на користење на апликацијата „AI“.

Полицијата го истражува случајот и, според објавените извештаи, најмалку 11 локални момчиња се идентификувани дека се вклучени во креирањето на сликите или нивното објавување преку апликациите.

Осомничените во овој случај се на возраст меѓу 12 и 14 години, но шпанскиот закон конкретно не го опфаќа генерирањето слики од сексуална природа кога станува збор за возрасни, иако создавањето на таков материјал со малолетници може да се смета за детска порнографија, пишува медиумот.

Според извештаите, во Шпанија малолетниците можат да се соочат со кривични пријави само на возраст од 14 и повеќе години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK