Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 45 пожари и сите се изгаснати, известува Центарот за управување со кризи.
Како што соопштува ЦУК, вкупно викендов имало 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии, во речиси сите општини.
Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на воздухоплови на ДЗС и на МВР, ги изгаснале сите пожари на отворено што гореа овој викенд и беа опасност за граѓаните, материјалните и природните добра во државата.