Почина шефот на Коза Ностра

Почина-шефот-на-Коза-Ностра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почина италијанскиот мафијашки бос Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, објави денеска новинската агенција АНСА, пренесува Ројтерс.


Месина Денаро (61) во моментот на апсењето боледуваше од рак на дебелото црево. Бидејќи неговата состојба се влошила во последните недели, тој бил префрлен во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија.

Денаро не побарал агресивен медицински третман, објави АНСА, додавајќи дека лекарите престанале да го хранат откако било прогласено дека е во неповратна кома.

Токму неговата одлука да започне лекување резултираше со негово апсење по посетата на клиниката во главниот град на Сицилија, Палермо. По апсењето, Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор и затворен во максимално обезбедуван затвор во Аквила каде според достапните информации продолжил со лекувањето.

Познат по прекарот Дијаболик, име на криминалец и протагонист на познатиот италијански стрип чиј обожавател и самиот, Матео Месина Денаро беше долгогодишен шеф на Коза Ностра во западната сицилијанска провинција Трапани, иако неговата моќ се прошируваше на Палермо.

Тој беше безмилосен убиец и последен претставник на старата гарда на Коза Ностра. Во 1992 година, тој беше дел од групата мафијаши испратени во Рим од тогашниот мафијашки бос Салваторе Риина (1930-2017) за да го убијат судијата Џовани Фалконе, познат борец против мафијата. Тоа им успеа во бомбашкиот напад, на 23 мај во близина на Палермо.

Матео Месина Денаро исчезна во летото 1993 година и стана најбараната личност во Италија. Во годините што следеа интензивно се бараше по него.

На крајот било утврдено дека тој престојувал недалеку од родниот град Кастелветрано во западна Сицилија. По долгогодишно прислушување на членовите на неговото семејство и пријателите, полицијата на крајот го пронашла Денаро и го уапсила во приватна клиника во Палермо каде дошол на редовен медицински преглед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK