Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, по повод престрелките во Косово што Приштина ги опиша како терористички напад и го обвини Белград, а загина еден косовски полицаец.
Борел најостро ги осуди денешните постапки, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи.
Тој изрази сочувство до семејството, колегите и роднините на убиениот полицаец, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување.
Како што се додава, Борел разговарал и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Борел го повторил барањето до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги ослободат верниците од манастирот Бањска.