Од Рашко-призренската епархија соопштуваат дека состојбата во Бањскиот манастир во моментов е мирна, иако се уште се чувствува страв поради денешните случувања и во околината и во самата манастирска капија.
Вооружените лица кои претходно денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот. Во моментов е забележано присуство на косовската полиција пред влезната капија и во дворот на манастирот, се наведува на веб-страницата на Рашко-призренската епархија.
Во конакот на манастирот сè уште е игуменот со неговите браќа, како и група верници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца.
Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека се одржуваат редовни богослужби во параклисот на манастирот, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро, информираат од Рашко-призренската епархија.